Elena Teslova
30 Јули 2018•Ажурирај: 31 Јули 2018
МОСКВА (АА) - Наведувајќи ја желбата на Турција да го купи рускиот систем за противракетна одбрана, рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, денес ги критикуваше Соединетите Американски Држави (САД) поради обидот за вршење притисок врз земјите кои сакаат да купат руско оружје, јавува Anadolu Agency (AA).
„Растечките влијателни центри нема да се поклонат на ултиматумите и заканите, кога одлучуваат што и каде да купат“, изјави Лавров за време на својот говор на младинскиот форум.
Тој додаде дека земјите нема да се согласат на трговија со ултиматуми и закани, како што e случајот со договорите за набавка на руско оружје од голем број земји, како на пример, Турција, Индонезија и Индија, кога Вашингтон отворено побара одбивање на тие договори.
Лавров, исто така, предупреди дека таквите барања од страна на САД ќе создадат непредвидливост и додатен потенцијал за судир.
Американскиот конгрес на 18 јуни усвои Закон за забрана на продажба на борбените авиони „Ф-35“ на Турција, и покрај потпишаниот договор меѓу двете земји.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган подоцна изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп го уверил дека продажбата не била доведена во прашања и покрај напорите на Конгресот.