Sultan Çoğalan,Hakan Ceyhan Aydoğan
08 Декември 2016•Ажурирај: 09 Декември 2016
АНКАРА (AA) - Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, во четврток изјави дека режимот во Сирија ги запре воените акции во градот Алепо поради евакуалција на цивилите, јавува Anadolu Agency (AA).
Според наводите на руските медиуми, Лавров во текот на одржување на 23 состанок на министерскиот совет на ОБСЕ во Хамбург на новинарите им рече дека режимот во Сирија ги запре воените акции во Алепо.
„Денеска се запрени нападите на истокот на Алепо за да се евакуираат цивилите. Се спроведува најголема операција досега за да цивилите бидат евакуирани. Се работи за конвој од осум илјади луѓе, со должина од пет километри", рече Лавров.
Додаде дека западните земји не понудиле никаков конкретен план за да се постигне решение за хуманитарната криза во Алепо.
Нагласи исто така дека Русија, во согласност со одлуката на Советот за безбедност на ОН, до крај ќе продолжи да се бори против терористите во Сирија.
Потсетуваме, во Хамбург се одржува дводневиот состанок на министрите за надворешни работи на Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ).