Cuneyt Davut
22 Јули 2016•Ажурирај: 23 Јули 2016
СКОПЈЕ (АА) – ЏУНЕЈТ ДАВУТ – Ејуп Туна Кахвеџи, претседател на МАТТО (Стопанска комора на Македонија и Турција), во врска со обидот на ФЕТО за пуч рече: „Направија работи што дури и непријателите не би ги направиле. Го бомбардираа Собранието, кое е честа на Турција, на цивилите појдоа со тенкови, топови и со авиони“.
„Настанот со обидот за пуч покажа како може една ваква структура, со годините да стане опасна“, изјави претседателот на МАТТО, Кахвеџи.
Кахвеџи понатаму вели: „Видовме дека навлегле во најтајните и стратешки места. Пред сѐ, ова треба да претставува лекција за сите држави“, и додаде дека овие структури во Македонија постојат уште пред околу 20 години.
Кахвеџи нагласи дека настаните во Турција треба да претставуваат лекција и за другите држави и дополни дека државите во кои се наоѓаат овие структури, треба да стават крај на постоењето на структурите поврзани со ФЕТО.
Кахвеџи го опиша ФЕТО со зборовите: „Тоа се предавнички структури кои ненадејно, со една наредба од некого, способни се да организираат операции“.
„Ние како бизнисмени, по овој час во Македонија веќе не се чувствуваме безбедни. Знаеме дека структурата има ограноци во повеќе институции и места. Поради тоа, за кратко време со претставниците на Република Македонија треба да се консултираме за оваа тема“, рече Кахвеџи и додаде дека овие чекори се чекори за безбедност.
Во изјавата, претседателот на МАТТО понатаму вели: „Во првата фаза, на структурите што постојат во Македонија, од кои најголемите се во областа на образованието, Македонија треба да им ги одземе лиценците. Ако е пријателска земја, треба да го направи ова, бидејќи имаме речиси 250 загинати, значи полошо од ова нема, што би можело да е полошо од ова?“. Тој рече дека за време на настаните бил во Истанбул и бил сведок на тоа како луѓето се чувствувале „голи“ и небезбедни.
Кахвеџи изјави дека видел како по повикот на претседателот Ердоган народот излегува на улиците и рече: „Ова ни се случи денес, но никој не може да гарантира дека и утре нема да се случи. Бидејќи овие луѓе изгледаат како добри луѓе, но мозоците не им се во главите, нивните мозоци се хипотизирани од страна на некој и таквиот човек е од најопасниот тип“.
Втората фаза на планот ја опиша со зборовите: „Важен дел од приврзаниците на ФЕТО заработуваат пари во Турција и на Турција ѝ прават предавство. Затоа сакаме да ги прекинеме односите на тие ограноци кои заедно работат со турските фирми“.
- Се повикува Владата на Македонија да ги прекине средствата на структура
Кахвеџи нагласи дека овие луѓе едно време во Турција биле симпатизирани, а тие се предавници кои со текот на времето ги заземале институциите. Понатаму, тој вели: „Затоа Владата на Република Македонија треба да стави крај на постоењето на оваа структура од финансиски и од други аспекти“.
Кахвеџи рече дека уништувањето на ограноците на структурата на ФЕТО е многу важно за Македонија и нагласи: „Aко ја гледаме состојбата заеднички, како турски бизнисмени, не сакаме да бидеме во држава во која се наоѓаат луѓето што се пукаат врз својот народ и со тенкови поминуваат врз нив“.
„Исто така, ФЕТО претставува опасност за повеќе држави, во предгратки сме хранеле змија, затоа задолжително треба да се стави крај на нивното постоење“, нагласи Кахвеџи.
„Најлошото е да те предаде некој за кого мислиш дека никогаш не може да ти биде непријател. Си го знаете непријателот, го познавате, но никако не може да му биде простено на тој што сте му дале одговорности на најтајните места“, рече Кахвеџи на крајот од својата изјавата, и додаде дека посакува ниедна држава веќе да не биде изложена на вакво искушение.