Halil Demir
18 Април 2016•Ажурирај: 19 Април 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Турската полиција во синоќешната акција уапси најмалку 100 лица, кои се поврзани со терористичката организација Fetulahci/ паралелна структура (FETO /PDY) или движењето познато како „Hizmet“, јавува Anadolu Agency (AA).
Врз основа на истрагата предводена од страна на Јавното обвинителство во Истанбул, турската полиција започна голема акција за апсење во девет турски покраини, а досега од слобода се лишени најмалку 100 од 140 луѓе, за колку е издаден налог за апсење.
Станува збор за истрагата за случајот "Himmel" во кој осомничените се товарат дека во периодот меѓу 2004 и 2015 година во име на оваа организација се собрани средства со кои се финансирани нелегални активности на движењето предводено од Фетулах Ѓулен, на кој му е поништен турскиот пасош, а за кого Турција побара екстрадиција од Соединетите Американски Држави (САД) со цел да му се суди за серија кривични дела.
Во организација FETO/PDY во неколку државни институции врзани биле „паралелните структури” кои преку злоупотреба на службената положба се обиделе да ја дестабилизираат земјата и да извршат државен удар.