Admir Fazlagic
14 Април 2016•Ажурирано: 15 Април 2016
СКОПЈЕ (АА) - Тринаесет лица се приведени, а двајца новинари се повредени во текот на вчерашните протести што се одржаа синоќа пред и во близина на Народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов во Скопје, потвррди за Anadolu Agency Наталија Спирова-Кордиќ, начелник на Секторот за односи со јавноста и протокол при МВР.
"Засега тринаесет лица се приведени, со нив се разговара во врска со вчерашните случувања за време на протестите. Повредени се двајца новинари", изјави Спирова-Кордиќ, најавувајќи дека со подетални информации ќе излезат во текот на денот.
Демонстрантите синоќа за време на протестите ја демолираа Народната канцеларија на претседателот Иванов во центарот на Скопје. Искршени се прозорците и мебелот од канцеларијата, а оштетена е и зградата на Министерството за правда на
Собраните граѓани проротестираа во знак на револт од одлуката на претседателот за општ прекин на сите постапки против политичари и нивни соработници поврзани со прислушувањето и политичката криза.
Претходно демонстрантите беа пред Собранието, а полицијата ги спречи да се упатат кон седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Тие барааа оставка на претседателот Иванов, замрзнување на активностите за одржување парламентарни избори на 5 јуни и формирање експертска Влада која ќе организира фер, демократски и кредибилни избори.
Вчерашниот протест започна околу 18 часот пред Специјалното јавно обвинителство во знак на поддршка на неговата работа, по што продолжи пред Народната канцеларија на Иванов па пред Собранието на Република Македонија.