Admir Fazlagic
11 Јуни 2016•Ажурирано: 11 Јуни 2016
СКОПЈЕ (АА) - Шеснаесет мигранти се пронајдени синоќа во близина на Демир Капија во возило кое го управувал 35-годишен скопјанец, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на МВР мигрантите биле пронајдени на 10.06.2016 година во 01.40 часот од страна на полициски службеници во близина на село Удово кај тунелите Д.Капија.
„Полициски службеници во близина на село Удово кај тунелите Д.Капија му дале знак застане на А.Б.(35) од Сарај-Скопје, кој управувал ПМВ „Рено Лагуна“ со кумановски регистарски ознаки, кој не застанал, туку ја зголемил брзината и продолжил кон Демир Капија. Во близина на м.в.„Арсови Лаки“ бил фатен, а во возилото биле пронајдени 16 мигранти, 11 од Авганистан (пет малолетни), четири од Пакистан и еден од Иран. Во 01.45 часот возачот и лицата се приведени во ПС-Неготино, за понатамошна постапка", стои во соопштението.
Од страна на судија за предходна постапка на А.Б. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.