Meltem Bulur
23 Мај 2016•Ажурирај: 23 Мај 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Германската канцеларка, Ангела Меркел, во обраќањето на Светскиот хуманитарен самит во Истанбул истакна дека посебно внимание мора да се посвети на хуманитарното право и придржување кон мерките на тоа право во светот, јавува Anadolu Agency (AA).
Посочувајќи дека во моментот меѓународното хуманитарно право грубо се крши во Сирија и многу други земји, Меркел изјави дека болниците и другите витални важни објекти се чести мети на напади.
Укажувајќи на неопходноста од заедничкото залагање за доставување на хуманитарната помош до сите делови на светот каде им е потребна на луѓето, Меркел изјави дека итно мора да се размислува за тоа хуманитарната помош да стане систематска работа, а не да се трча од една на друга трагедија или катастрофа.
„Често ветуваме, но никој ништо не имплементира. Германија се залага дадените ветувања да ги исполни. ОН сака тој фонд да го подигне на милион долари, а ние ќе дадеме свој придонес за тоа бидејќи потребни ни се фондови кои ќе имаат уредена финансиска политика. Меѓутоа, мораме да бараме и нови начини и најефикасни пристапи до проблемите. Потребен ни е механизам за да можеме брзо да ја активираме финансиската помош во случај на било каква потреба од борбата против климатските промени до епидемиите”, изјави Меркел.
Меркел изјави дека денешниот самит во Истанбул претставува место од кое се праќа сигнал за почеток на настојувањата да се воведе неопходниот глобален систем на доставување на хуманитарна помош на загрозените луѓе.
„Сите живееме на иста планета и секој човек има еден живот и право достоинствено и практично да го живее. Многу луѓе немаат можност за тоа. Благодарна сум на тоа што покренавме ваква иницијатива”, заклучи германската канцеларка Меркел.