Andaç Hongur
23 Мај 2016•Ажурирај: 23 Мај 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, на 1-от Светски хуманитарен самит, кој денес и утре се одржува во Истанбул, оствари средба со Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, јавува Anadolu Agency (AA).
По состанокот во Конгресниот центар во Истанбул, каде што се одржува Светскиот хуманитарен самит, по првиот состанок на тркалезната маса од Високо ниво, на темата „Политичко лидерство за спречување и прекин на судири“, претседателот на Турција, Ердоган и Генералниот секретар, Бан Ки-мун, по состанокот остварија билатерална средба.
Средбата која траеше околу половина час, беше затворена за медиумите.
На првиот ден од Самитот, турскиот претседател Ердоган се сретна и со премиерот на Холандија, Марк Руте. Средбата беше затворена за медиумите и траеше околу еден час.