Ekipa
10 Мај 2017•Ажурирај: 11 Мај 2017
СЕУЛ (АА) - Јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин денес го одржа својот прв брифинг, неколку минути откако беше потврден за нов лидер на државата, јавува Anadolu Agency (AA).
Мун Џае-ин ја доби победата на вчерашните избори со 41,08 отсто од речиси 33 милиони гласови (околу 17 отсто поени повеќе од неговиот најблизок ривал меѓу 13-те кандидати).
Вообичаено, на претседателот би му биле потребни неколку недели за да го подготви својот кабинет, но тој започна веднаш бидејќи ова беа предвремени избори за замена на отповиканата поранешна претседателка Парк Геун-хје.
Мун разговараше со челникот на здружениот Генералштаб, Ли Сун-јин, во врска со зголемените тензии со Северна Кореја, дури и пред церемонијата на инаугурацијата.
„Претседателот Мун Џае-ин го започна својот официјален мандат како 19 претседател, извршувајќи ги со правно овлатување своите должности како врховен командант од 8:09 утринава“, се вели од кабинетот на претседателот во Сеул.
Сепак, новиот лидер изгледа многу повеќе подготвен за соработка со Северна Кореја отколку неговите претходници.