Marcus Brogden
13 Март 2016•Ажурирај: 14 Март 2016
СЕУЛ (АА) - Северна Кореја отворено се закани дека поседува далекометни хидрогенски бомби кои можат да го уништат Менхетен, но ги негираше обвинувањата за сајбер нападите на Јужна Кореја, јавува Anadolu Agency (AA).
Севернокорејскиот јавен медиум "DPRK Today", во денешниот број ја објави изјавата на севернокорејскиот експерт за нуклеарно оружје кој тврди дека Пјонгјанг има развиено ракети со кои, во секој момент, може да изврши напад на територијата на САД.
Обединетите нации (ОН) неодамна ги заострија санкциите кон Северна Кореја поради тестирање на нуклеарно оружје, а Пјонгјанг тврди дека на почетокот на оваа година била тестирана хидрогенска бомба со многу поголема моќ од класичната нуклеарка.
Сите овие тврдења се соочуваат со голема доза на скептицизам од страна на меѓународната заедница, а значителен број на аналитичари сè уште мислат дека ова е само пропаганда на Пјонгјанг.
Севернoкорејскиот весник "Rodong Sinmun" ги негираше неодамнешните наводи дека Северна Кореја извршила сајбер напад на смарт телефоните на високи претставници на Јужна Кореја.
Официјален Пјонгјанг тврди дека не стои зад хакерските напади против Јужна Кореја и нејзиниот сојузник на САД.