İdris Okuducu
27 Септември 2017•Ажурирај: 27 Септември 2017
ЕРБИЛ (АА) - Речиси 93 отсто од гласачите на нелегитимниот референдум за независност, кој во понеделникот беше организиран од страна на Регионалната курдска управа во северен Ирак, гласаа „за“, јавува Anadolu Agency (AA).
Хиндирин Мухамед, претседател на Централната изборна комисија на Регионалната курдска управа во северен Ирак, на прес-конференција соопшти дека 92,73 отсто од гласачите гласале „за“, додека 7,27 отсто „против“.
Тој истакна дека излезноста на референдумот изнесувала 72 проценти.
Од друга страна, Агенцијата за цивилно воздухопловство на Ирак побара од странските компании од петок да ги запрат летовите кон Регионалната курдска управа во северниот дел на земјата.
Апелот уследи откако Регионалната курска управа во северен Ирак во понеделникот одржа нелегитимен референдум за независност.
Највисоките ирачки институции го забранија одржувањето на нелегитимниот референдум, а остро се спротиставија и Турција, САД и остатокот од меѓународната заедница, со исклучок на Иразел.
Раководството на либанскиот авиопревозник „Middle East Airlines“ (Мидл Ист Ерлајнс) прво реагираше и соопшти дека од петок ги прекинува сите летови кон северен Ирак.