Betül Yürük
31 Декември 2017•Ажурирај: 01 Јануари 2018
ЊУЈОРК (АА) - Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, изјави дека на почетокот од годината побарал мир, но дека светот уште повеќе се оддалечил од мирот, јавува Anadolu Agency (AA).
Гутереш во новогодишната порака укажа дека се интензивирани судирите, дека се појавиле нови закани и дека глобалната загриженост поради нуклеарното оружје е најголема од периодот на Студената војна.
Тој истакна дека нееднаквоста секој ден е сѐ поголема, што доаѓа до застрашувачко кршење на човековите права, со ксенофобија и национализам, и предупреди на климатските промени.
Гутереш го повика светот на заедништво пред опасностите.
„Како што влегуваме во 2018 година повикувам на заедништво. Ние можеме светот да го направиме помирно место, да ги решиме кризите, да ја победиме омразата, да ги одбраниме заедничките вредности, но тоа е можно само со заедички сили“, рече Гутереш.