Betül Yürük
06 Ноември 2017•Ажурирај: 06 Ноември 2017
ЊУЈОРК (АА) - Оружениот напад во црква во американската држава Тексас го изведе 26-годишниот Девин Патрик Кели, пренесува Anadolu Agency (AA).
Американските медиуми, повикувајќи се на извори блиски до полицијата, објавија дека нападот во којшто загинаа 26 лица бил изведен од Девин Патрик Кели, 26-годишен белец.
Гувернерот на Тексас, Грег Абот, на прес-конференција соопшти дека бројот на загинати во нападот на црквата во Сатерленд Спрингс изнесува 26. Претходно беше објавено дека загинале 27 лица.
Фриман Мартин, задолжен за јавната безбедност во Тексас, истакна дека во црквата застрелани се 23 лица, две надвор од објектот, додека едно лице им подлегнало на повредите во болница.
Мартин истакна дека напаѓачот бил облечен во црна облека и носел панцирен елек. На местото на нападот го оставил оружјето, а подоцна е пронајден мртов во возилото со кое се оддалечил од местото на настанот. Мартин наведе и дека постои можност напаѓачот да извршил самоубиство, но не ја отфрла можноста некој од жителите во близина на црквата да го следел, и со огнено оружје да го неутрализирал.
Локалните извори наведоа дека на мисата во црквата редовно присуствувале околу 50 лица, а меѓу жртвите има и двегодишно дете. Животот го изгуби и 14-годишната ќерка на локалниот свештеник.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, преку Твитер упати сочувство до семејствата на убиените и потсети дека целиот случај го следи од Јапонија, каде што престојува во официјална посета.
Вкупно 26 лица се убиени во оружен напад што се случи вчера во коптска црква во американската сојузна држава Тексас. Вооружениот напаѓач влегол во црквата во Сатерленд Спрингс и отворил оган врз присутните.