Muhammed Bilal Kenasari
09 Март 2018•Ажурирај: 10 Март 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Хедер Нојерт, портпаролката на американскиот Стејт Департмент, изјави дека на првиот состанок на техничките комитети на Турција и САД, кој денес започна во Вашингтон, ќе се разговара за голем број на прашања кои се однесуваат на кризата во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Во обраќањето на новинарите, Нојерт истакна дека официјалните лица на САД и Турција на состанокот на технички комитети ќе разговараат и за операцијата во сириски Африн.
За време на посетата на американскиот државен секретар Рекс Тилерсон во Анкара на 15 и 16 февруари формирани се три комитети со цел нормализација на билатералните односи. Планирано е споменатите комитети да разговараат за три клучни прашања: Сирија, Ирак и движењето на Фетула Ѓулен.
Нојерт на новинарите им кажа дека е планирано првиот состанок на техничките комитети за Сирија да биде одржан денес и утре.
На прашањето за самата содржина на состанокот, Нојерт одговори дека никој не би требало да го изненади што една од темите на разговорот е и операцијата во Африн.
„Ова се, пред се, воведни разговори. Пред нас се уште многу теми за кои ќе разговараме“, изјави портпаролката на Стејт Департментот.
Таа истакна дека делегацијата на САД, која ја предводува Вес Мишел, помошникот на американскиот државен секретар за Европа и Евроазија, се состои од 20 официјални лица.
Делегацијата на Турција ја предводува Седат Онал, заменик генералниот секретар на Министерството за надворешни работи.
По состанокот утре ќе биде објавено соопштение.
Претходно е нагласено дека целта на состанокот е обидот за пронаоѓање на решение за проблемите во односите на Турција и САД. Сеуште не е познато кога ќе бидат одржани состаноци на другите два комитети.