Halil Demir
09 Март 2018•Ажурирај: 11 Март 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 21 лице беше уапсено утринава во Истанбул, под сомневање за поврзаност со терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Врз основа на разузнавачките информации, тимовите за борба против тероризмот започнаа акции со цел да ги уапсат осомничените кои подготвувале и вршеле активности во име на терористичката организација ДЕАШ.
Претресите беа спроведени на 15 адреси во 12 квартови, а од слобода беа лишени 21 лице, сите странски државјани.
За време на претресот беа запленети голем број документи и дигитален материјал.
Терористичката организација ДЕАШ во изминатите неколку години спроведе неколку терористички напади во Турција, во кои животот го загубија најмалку 300 луѓе.
Турските безбедносни сили водат сеопфатна битка против ДЕАШ и други терористички организации, како што се ПКК и ФЕТО.