Zuhal Demirci
27 Септември 2017•Ажурирај: 27 Септември 2017
МАДРИД (АА) - Турскиот министер за Европската Унија (ЕУ) и главен преговарач на земјата, Омер Челик, денес изјави дека Европската Унија досега не исполнила ниту едно ветување дадено на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
„ЕУ не одржа ниту еден даден збор во врска со отворањето на поглавјата и напредокот во преговорите за приклучување на Турција“, порача Челик.
Тој нагласи дека Турција нема никаква врска со тоа што прашањето за нејзината интеграција стана внатрешнополитичка тема во земјите од Унијата.
„Популистичките политичари се обидуваат да ги скријат горливите проблеми во Европската Унија и без никаков повод и причина се хранат со антитурска политика“.