Dildar Baykan
04 Септември 2018•Ажурирај: 04 Септември 2018
ЊУЈОРК (АА) - Првиот човек на ОН е загрижен поради затворањето на новинарите во Мјанмар, и ги повика властите на таа земја да ги ревидираат вчерашните пресуди изречени на двајцата новинари на агенцијата „Ројтерс“, јавува Anadolu Agency (AA).
„Генералниот секретар Антонио Гутереш е загрижен поради вестите за пресудата на мјанмарскиот суд кој на седум години затвор ги осуди новинарите Ва Лоне и Кјав Сое Оо. Гутереш ги повикува надлежните да ја ревидираат таа одлука“, изјави портпаролот на Генералниот секретаријат на ОН, Стефан Дујариќ.
Нагласувајќи ја важноста од заштитата на слободата на говор и пристапот до информации, Дујариќ изјави дека челникот на ОН, Гутереш, ги предупреди властите на Мјанмар на задолжително почитување на човековите права.
„Неприфатливо е новинарите да се осудени и затворени поради пишувањето за грубите кршења на основните човекови права на муслиманското малцинство во Аракан“, порача Дујариќ.
Судот во Јангон вчера изрече седумгодишни затворски казни за двајцата новинари кои во текот на изминатата година беа во притвор во таа земја. Судот ги товари за кршење на Законот за државни тајни.