Mustafa Keleş
13 Декември 2016•Ажурирај: 13 Декември 2016
ЊУЈОРК (АА) – Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, изјави дека е вклучен алармот поради информациите што кружат дека сирискиот режим во Алепо започнал да врши геноцид врз цивилите, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на генералниот секретар на ОН, Стефан Дујариќ во писмена изјава соопшти дека ОН немаат можност независно да ја следат ситуацијата во Алепо, но дека до нив доаѓаат информации за наводен геноцид во регионот.
„Генералниот секретар Бан го вклучи алармот, поради информациите што доаѓаат за тоа дека во Алепо се масакрирани многу цивили, меѓу кои и жени и деца“, рече Дујариќ.
Бан до засегнатите страни изразил сериозна загриженост за случувањата и дал инструкции до специјалниот амбасадор во Сирија, да ја следи ситуацијата.
„ОН ги потсетува завојуваните страни да ги штитат цивилите на фронтот, како и да го практикуваат меѓународното хуманитарно право. Ова особено е одговорност на сириската Влада и на нејзините сојузници“, истакна Дујариќ.
Според информациите, на северот на Сирија, во источен Алепо, режимот на Асад и шиитската милиција поддржана од Иран, почнале да вршат масакр врз тамошното цивилно население.