Atilla Hancı
13 Декември 2016•Ажурирај: 14 Декември 2016
АНКАРА (АА) - Дваесет и тројца војници се повредени во експлозија што се случи во воена база, во југоисточниот дел на Јужна Кореја, јавува Anadolu Agency (AA).
Државната новинска агенција „Јонхап“, јавува дека експлозијата се случила во градот Улсан, кој се наоѓа 410 километри јужно од Сеул. Во експлозијата се сериозно повредени две лица.
Уште не е позната причината за експлозијата, но се знае дека во моментот на несреќата не била вршена никаква обука. Започната е истрага со која ќе бидат утврдени повеќе детали.