Fatih Erel
06 Февруари 2018•Ажурирај: 07 Февруари 2018
ЖЕНЕВА (АА) - Меѓународната независна истражна комисија за Сирија при Обединетите нации (ОН) соопшти дека започнале да ги истражуваат наводите според кои во Идлиб и Источна Гута е користен хлорен гас, пренесува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на оваа комисија, Пауло Серџо Финеиро, преку писмено соопштение, изрази длабока загирженост поради зголемените конфликти во Идлиб и Источна Гута.
Финеиро потсети дека 250 илјади цивили се раселени по зголемените конфликти од почетокот на годината во Идлиб, и додаде дека овие извештаи се сериозно загрижувачки. Според него, таканаречените зони на деескалација формирани за заштита на цивилите од бомбардирања, настанале тема на потсмев
„Конфликтните страни не ги исполнуваат обврските од меѓународните човекови права. Една сериозна и вознемирувачка состојба е што комисијата прифатила некои различи извештаи во врска со тоа дека бомбите кои содржат хлор се користени во подрачјето Серакин во Идлиб, и подрачјето Дума во Источна Гута. Комисија започна да ги истражува овие наводи“, рече тој.
Финеиро укажа на хуманитарната криза во Источна Гута и рече дека луѓето под блокада се спречени да добиваат хуманитарна помош, како и дека тие намерно се оставаат гладни.