Erbil Başay
06 Февруари 2018•Ажурирај: 06 Февруари 2018
БЕРЛИН (АА) - Германската канцеларка и претседателка на Христијанско-демократскиот сојуз на Германија (CDU), Ангела Меркел, упати повик за усогласување на коалицијата меѓу партиите на Христијанската унија (CDU/CSU) и Социјал-демократската партија (SPD) за формирање влада, јавува Anadolu Agency (AA).
Меркел, денеска пред започнувањето на преговорите во Берлин, главниот град на Германија, изјави дека за безбеден и просперитетен живот во иднина, потребно е создавање услови за формирање на стабилна влада.
- „Потребно е секој од нас да направи горчлив компромис“ -
Меркел истакна дека на средбата помеѓу ЦДУ/ЦСУ и СДП, покрај договарањето коалиција, една од главните точки на кои треба да се фокусираат се отстапките.
„Потребно е секој од нас да направи горчлив компромис. Подготвена сум да го сторам тоа, доколку бидам сигурна дека на крајот, придобивките ќе ги надминат недостатоците”, рече Меркел.
Посочувајќи на развојот на настаните на берзите, Меркел истакна дека се наоѓаат во еден загрижувачки период.
По општите избори во Германија одржани на 24 септмври, 135 дена не е формирана влада.