Fatih Erel
05 Септември 2017•Ажурирај: 06 Септември 2017
ЖЕНЕВА (АА) - Обединети нации (ОН) соопштија дека патот на араканските муслимани кои бегаат од земјата кон Бангладеш трае околу три дена,како и дека околу 100.000 од бегалците се жени и деца, јавува Anadolu Agency (AA).
„Патот на араканските муслимани кои гладни бегаат од земјата кон Бангладеш трае околу 3 дена. Околу 80 отсто од бегалците што во последните 11 дена пристигнаа во Бангладеш се жени и деца. Станува збор за бројка од најмалку 100.000 жени и деца, аракански муслимани кои избегаа од нападите во нивната земја“.