Mustafa Keleş
09 Јуни 2017•Ажурирај: 10 Јуни 2017
ЊУЈОРК (AA) - Обединетите нации (ОН) соопштија дека мировните преговори за Кипар повторно ќе започнат на 28. јуни во Женева, јавува Anadolu Agency (AA).
Со состаноците во Женева, освен претставниците на двете страни ќе присуствуваат и гаранторите Турција, Грција и Велика Британија, како и претставникот на Европската унија (ЕУ) во улога на набљудувач.
Во соопштението на ОН се наведува дека одлуката за почеток на преговорите е донесена во текот на состанокот на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, со лидерот на Северен Кипар Мустафа Акинџи и лидерот на Јужен Кипар Никос Анастасиасидис, одржан во Њујорк на 4. јуни.
Потсетуваме, кипарското прашање се состои од шест основни теми: економија, Европска унија (ЕУ), имот, распределба на надлежностите и администрација, територијално уредување и безбедност и гаранции.