Ali Kemal Akan
31 Јануари 2018•Ажурирај: 01 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили (TSK) неутрализираа најмалку 712 терористи на ПЈД/ПКК и ДЕАШ од почетокот на операцијата „Маслинова гранка“ во сириското погранично подрачје на Африн, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералштабот на турската војска соопшти дека турските воздушни сили во текот на ноќта уништиле најмалку 22 терористички упоришта и неутрализирале најмалку 63 терористи.
Во соопштението се наведува дека од почетокот на операцијата во Африн биле неутрализирани најмалку 712 терористи, и дека операцијата е продолжена во согласност со планираното.
Операцијата во Африн започна на 20 јануари во согласност со правото на Турција засновано на меѓународното право и на резолуциите на Обединетите нации (ОН), особено на оние што се однесуваат на борбата против тероризмот 1624 (2005), 2170 (2014) т.е 2178 (2014).
Турција се повикува и на член 51 од Договорот на ОН, односно на Правото за самоодбрана. Операцијата се спроведува со почитување на територијалниот интегритет на Сирија.
Силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад, во јули 2012 година, без борба им ја препуштија контролата врз Африн на терористите на ПЈД/ПКК. Африн стана еден од главните центри на таа терористичка организација.
Терористите на ПЈД/ПКК моментално под окупација држат 65 отсто од сириско-турската граница, а во Африн се наоѓаат меѓу 8 000 и 10 000 терористи.
ПЈД/ПКК е сириски огранок на терористичката организација ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, САД и ЕУ. ПКК уште од средината на 1980-тите години спроведува терористичка кампања против Турција.