Diyar Güldoğan
31 Јануари 2018•Ажурирај: 31 Јануари 2018
КИРКЛАРЕЛИ (AA) – Велосипед-такси за кратко време стана голема атракција во северозападната турска област Киркларели, а станува збор за трицикл кој во другите земји е познат и како „тук-тук“, јавува Anadolu Agency (AA).
Началникот на областа Лулебургаз, Емин Халебак, за Anadolu Agency (AA) рече дека проектот „Борба со велосипед против климатските промени“ е реализиран во рамките на проектот на Европската Унија.
„Во јавниот превоз вклучивме велосипеди-такси во знак на борбата против глобалното затоплување и намалување на емисијата на штетни гасови. Сакаме да бидеме учесници во борбата против климатските промени“, рече Халебак.
Проектот вреден 50.000 евра е поддржан од европскиот ИПА, и во првата етапа ќе трае една година.
„Граѓаните имаат можност за бесплатен превоз во градот. Водиме сметка старите луѓе, бремените жени, инвалидите и децата да имаат предност во нашето такси“, рече Халебак.