Mehmet Hatipoğlu
17 Јули 2016•Ажурирај: 18 Јули 2016
ДЕДЕАГАЧ (АА) – По обидот за воен удар, пребегнатите осум војници, приврзаници на терористичката организација ФЕТО чиј лидер е Фетулах Ѓулен, со воен хеликоптер беа однесени на суд-Дедеагач, јавува Anadolu Agency (AA).
Носењето на војниците во суд се одвиваше под контрола на безбедносните сили. Лицата ги прекрија со рацете и под контрола на полицијата се однесени во суд. Денеска се очекува за кратко време војниците што се приврзаници на обидот за воен удар да бидат испитувани и одведени на суд.
По обидот за воен удар од страна на терористичката организација ФЕТО, одземени се чиновите на осумте војници, учесници во обидот за воен удар, кои со хеликоптер, од типот Сикорски пребегнаа во Грција на аеродромот во Дедеагач, каде што побарале азил.