Ossama Elshamy
20 Јануари 2016•Ажурирај: 20 Јануари 2016
ПЕШАВАР (АА) - Во вооружен напад на Универзитетот во градот Чарсада во северозападната пакистанска покраина Хајбер Пахтунква, убиени се најмалку 25 лица, а локалните официјални лица стравуваат дека билансот на настраданите би можел да биде поголем, јавува Anadolu Agency (AA).
Напад во градот Чарсада го извела група милитанти кои го прескокнале ѕидот и во универзитетскиот кампус отвориле оган врз студентите и професорите.
Полициски официјални лица соопштија дека студентите и персоналот се евакуирани од кампусот, а напаѓачите, најверојатно, сè уште се кријат внатре во кампусот.
Портпаролот на покраинската влада Шевкет Јусуфзај, соопшти дека полициската операција е завршена и дека во нападот животот го загубиле меѓу 25 и 30 лица, и дека во болница се однесени над 60 ранети лица.