Haydar Hadi
26 Јануари 2018•Ажурирај: 27 Јануари 2018
БАГДАД (АА) - Најтесната улица, широка само 30 сантиметри, се наоѓа во старото јадро на главниот град на Ирак, Багдад, пишува Anadolu Agency (AA).
Се наоѓа помеѓу куќите стари повеќе од девет децении во багдадскиот Кесре. Локалното население улицата ја нарекува „дербуна“, што значи „тесна улица“.
Долга е 70 метри, а постојат осум куќи чиишто излези се наоѓаат во оваа улица. Куќите се стари, запоставени и мали, што уште повеќе го влошува животот на луѓето што живеат во нив.

Ниту еден автомобил не може да влезе во улицата, а жителите сите работи што ги купуваат, кои им се потребни за домот, ги транспортираат со велосипеди или со некој друг рачен превоз. Сепак, понекогаш ни тоа не е доволно.
Еден од сопствениците на куќите во најтесната улица, Јасир Мутасар, за АА изјави дека не се во можност во куќата да внесат или да купат каков било мебел
„Купив машина за перење, но не можев да ја донесам во куќата. Со часови чекав на почетокот од улицата. Потоа ја продадов на друг“, рече Мутасар.
Сепак, и покрај сите овие тешкотии, во оваа улица живее веќе 35 години. И Ебу Абдула, исто така, живее на оваа улица во Багдад. Според него, низ улицата не може да помине ниту кога има погреб.
„Доколку почине некој од улицата, сандакот преку покривот го префрламе до споредната улица и потоа го носиме на гробишта“, изјави Ебу Абдула.
Во оваа улица, додаде тој, веќе неколку години живеат заедно сунитите и шиитските Арапи.