Canberk Yüksel
18 Септември 2016•Ажурирај: 18 Септември 2016
ЊУЈОРК (АА) - 29 лица се повредени во експлозија која се случи доцна синоќа во Њујорк, изјави градоначалникоѕ Бил де Блазио за новинарите, јавува Anadolu Agency (AA).
Експлозијата се случи во 20:30 часот (1230GMT) на 23-та улица во подрачјето „131 West” во округот Челзи на Менгхетен, во која едно лице се смета за потешко повредено, изјави Де Блазио.
Причината за експлозијата е сè уште непозната.
Властите веруваат дека експлозијата е предизвикана намерно, но дека нема никаква поврзаност со тероризмот, рече тој.
Властите го сметаат подрачјето во близина, 27-та улица помеѓу 6-та и 7-ма авенија, за второ место на можна експлозија, но одбија да дадат повеќе детали.
Локалните медиуми јавуваат дека официјалните лица таму пронашле импровизиран уред во вид на експрес лонец, сличен на оној кој бил користен во бомбардирањето на Бостонскиот маратон, во кој загинаа три лица а стотици беа повредени.
Вчера, републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп за време на собирот во Колорадо, реагираше во врска со експлозијата, карактеризирајќи ја како „бомба” .
„Морам да кажам дека само што се симнав од авионот, експплодираше бомба во Њујорк, и никој не знае што точно се случува”, изјави Трамп.
„Мораме да издржиме”, додаде тој.
Неговата опонентка, Хилари Клинтон, не даде никакви коментари, но од нејзината кампања рекоа дека таа била информирана за случувањата.
Клинтон и Трамп живеат во Њујорк.
Полицијата презема интензивни мерки на местото на настанот, со затворање на околните патишта и запирање на метрото.
Официјалните претставници велат дека нема непосредна врска помеѓу експлозијата во Челси и експлозијата на импровизирана цевка-бомба во Сисајд Парк, Њу Џерси.
Во таа експлозија немаше жртви.