Ahmet Gürhan Kartal
27 Ноември 2018•Ажурирај: 28 Ноември 2018
ЛОНДОН (АА) - Британскиот докторанд Метју Хеџес, кој во Обединетите Арапски Емирати беше осуден на доживотен затвор под обвиненија за шпионажа, а потоа беше помилуван и пуштен од затвор вчера, пристигна денес во Велика Британија, јавува Anadolu Agency (AA).
„Не знам од каде да почнам да им се заблагодарувам на луѓето кои го обезбедија моето ослободување“, изјави британскиот докторанд.
„Ѝ се заблагодарувам многу на британската Амбасада, на британското Министерство за надворешни работи и на Комонвелтот за напорите со кои обезбедија да се вратам во мојата татковина“, додаде тој.
Федералниот апелациски суд во Абу Даби минатата недела го осуди 31-годишниот докторанд на казна доживотен затвор (25 години), под обвиненија за шпионажа и обезбедување странски лица со чувствителни информации, но тој беше ослободен вчера, откако доби помилување од страна на официјалните претставници на ОАЕ.
Хеџес, докторанд на Универзитетот „Дурхам“ во Англија, беше во затвор во ОАЕ 6 месеци, откако во мај беше уапсен на Меѓународниот аеродром во Дубаи пред да полета за Велика Британија по неговата двонеделна работна посета на ОАЕ.
Во октомври, властите во Емиратите го предадоа случајот на Хеџес до Федералниот апелациски суд во Абу Даби, под обвинение за пренесување чувствителни воени, политички и економски информации на странски субјект.
„Хеџес работеше на истражување на влијанието на Арапската пролет врз надворешните политика на ОАЕ, предмет на неговата докторска теза“, велат локалните медиуми.