Hasan Hüseyin Köşger
19 Април 2016•Ажурирај: 20 Април 2016
ЊУЈРОК (AA) – Во свечениот Салон на њујоршкиот Универзитет Колумбија се одржа церемонија на прогласување на добитниците на овогодинешната награда Пулицер, најпрестижното признание во американското новинарство, јавува Anadolu Agency (AA).
Меѓу добитниците на Пулицер оваа година е и фоторепортерот на весникот „The New York Times“ Сергеј Пономарев кој претходно оваа година ја освои наградата Istanbul Photo Awards за фотографии со кои на јавноста и ја прикажува драмата на сириските бегалци во Егејско море.
Весникот „The New York Times“ ја доби овогодинешната Пулицерова награда за надворешнополитичкото известување за насилството над авганистанските жени, а весникот „The Washington Post“ за внатреполитичко известување за полициското насилство, додека наградата за служба на јавноста ја доби новинската агенција Associated Press (AP) за известување во врска со искористувањето на работниците во индустријата за морска храна.
Алиса Рубин од „The New York Timesa“ доби награда за најдобро надворешнополитичко известување за приказната за суровоста која ја поднесуваат авганистанските жени, додека новинарите на „The Washington Post“ ја добија наградата за воспоставување на националната база на податоци за тоа колку често полицијата во САД пука за да убие.
Агенцијата AP наградата ја добри за истражување за тешкото искористување на работниците во индустријата на морската храна кое ослободи 2.000 робови и ги доведе пред лицето на правдата извршителите, а поттикна и реформи.
„The Los Angeles Times“ ја доби Пулицеровата награда за извонреди вести за своето известување за смртоносниот терористички напад во Сан Бернардин во Калифорнија, додека „Tampa Bay“ и „Sarasota Herald-Tribune“ ја поделија наградата за истражувачко новинарство. Тие два весници добија признание за заедничко известување за насилството и негрижата во психијатарските болници на Флорида.
Пулицеровата награда почна да се доделува 1917 година, а ја востанови издавачот Јозеф Пулицер, американски Унгарец. Оваа година се одбележува јубилејот од 100 години постоење, ја доделува Факултетот за новинарсто на Универзитетот Колумбија.
Агенцијата Ројтерс и весникот „The New York Times“ ја поделија нагрдата на Пулицер за фото-вест за снимките од мигрантската криза во Европа и на Блискиот исток.
Лин-Мануел Мирандаја доби наградата за драмата Хамилтон, која постигна голем успех на Бродвеј. Виет Тхан Нгујен ја доби Пулицеровата награда за романот "The Sympathizer".
„Наградата Пулицер се доделува по стоти пат и таа се доделува за важни новинарски дела и во иднина така ќе остане", рече челникот на Пулицеровиот одбор Мајк Приде .Додаде дека постојат големи барања наградата да се прошири и на остатокот од светот и другите јазични подрачја, но за сега сеуште нема информации дека ќе дојде до тоа.
Наградите се доделени во вкупно 21 категорија, вклучувајќи го новинарството, музиката, драмата и белетристиката.