ЊУЈОРК (АА) - По избирањето на Доналд Трамп за 45. претседател на САД, голем број политичари и уметници ги омекнаа своите погледи и упатија пораки на помирување, додека дел од нив изјавија дека ќе ја продолжат својата борба за да го спречат Трамп да ја спроведе политиката што ја вети.
Дел од видните членови на Републикансата партија ги омекнуваат своите ставови, откако поставија бариера кон Трамп во периодот на неговата претседателска кампања, поради неговите изјави и наводните обвинувања дека вршел сексуална злоупотреба. Овие негови изјави загрижија голем дел од доселениците, малцинствата, жените, муслиманите, Латиноамериканците.
Републиканската сенаторка Лидзи Грахам, на својот профил на Твитер изјави дека не го дала својот глас за републиканскиот кандидат Трамп, кого го критикувала за време на неговата кампања. Потоа, продолжува со честитки за неговата победа и изјави дека е подготвена за соработка. „Имаме држава што треба да се управува. Нѐ очекуваат повеќе предизвици. Ќе му помогнеме на новоизбраниот претседател Трамп“.
Претседателот на Пратеничкиот дом на САД, Пол Рајан, кој упатуваше остри критики кон Трамп поради неговите изјави во врска со доселениците и жените за време на претседателската кампања, направи неколку чекори наназад во однос на претходно заземениот став. Рајан овие избори ги нарече: ‘Најневеројатните избори во мојот живот’. „Доналд Трамп го чу она што никој не го чу, и допре до луѓето на начин кој другите можеа да го постигнат, додаде Рајан.
Победата на Трамп му ја честиташе и неговиот противник, поранешниот градоначалник на Флорида, Џеб Буш, со зборовите: „Ќе се молам за Трамп како наш претседател“.
Рака на пријателство на Трамп му пружи и претседателскиот кандидат на републиканците од 2012 година, Мит Ромни, кој го бранеше ставот дека политиката на Трамп ќе биде причина за економска криза.
Ромни изјави: „Му ги испраќам најдобрите желби на избраниот претседател, кој го постигна тоа со својот труд. Се надевам дека ќе продолжи соработката со новоизбраниот претседател“.
„Натажена сум, но ова е Америка“
Неколку медиумски куќи коишто направија погрешна процена и отворено ја поддржуваа Хилари Клинтон, се обидуваат да го надминат шокот по изборите.
Во весникот „Њујорк тајмс“ се појави напис во кој се зборува дека весникот заземал страна што загубила на изборите и оти весникот дал погрешни процени. Во статијата се вели дека и покрај сета современа технологија и софистицираниот систем на моделирање, весникот останал зад приказната што се одвивала.
„Весникот заостана и зад веста и зад државата“, вели творецот на статијата, додавајќи дека биле промашени анализите што биле направени во големите канцеларии на центрите на весникот и телевизијата.
„Новинарите помислија дека Трамп нема да победи ни по милиони години. Приврзаниците на Трамп ги претставија како лица кои го прекинале контактот со реалноста. На крајот се случи сосема спротивното“, заклучи новинарот во својата статија во весникот „Њујорк тајмс“.
Весникот „Вашингон пост“ објави текст со наслов: „Доста веќе велите ‘Ова не е моја Америка’“, напишан од страна на новинарката Моника Хесе.
„Ова не е ситуација што голем дел од нас сакавме да ја доживееме“, напиша Хесе, истакнувајќи дека Хилари Клинтон својата кампања ја засновала врз изјавите на Трамп дека тој не ги претставува САД и САД можат да бидат подобри од тоа, но дека тоа било неуспешно.
Хесе во својот напис во „Вашингон пост“ вели: „Што ако Америка навистина не е подобра од ова? Што ако ова е вистинската Америка?“

Повик од уметниците за „продолжување на борбата“
Мадона изјави дека е разочарана од изборот на Трамп за претседател на САД, и го објави видеото за протестите во Њујорк организирани против Трамп. На видеото може да се чуе како стотици демонстранти извикуваат: „Не е мој претседател“.
Пејачката Кети Пери своето разочарување од новиот претседател на САД го искажа со тоа што го обои во црно својот профил на Твитер. Познатата пејачка изјави: „Не седете, не плачете, ангажирајте се. Ние не сме нација што ќе дозволи да нѐ води омразата“.
Уметниот Сет Макфарлан на својот профил од социјалната мрежа изјави: „Некои не го сакаа Буш, некои пак Обама. Но овој пат е поинаку. Многумина се исплашени, ова е нешто ново“.
Актерката Џенифер Лоренс споделувајќи го разочарувањето од изборот на Трамп, изјави: „Не треба никого да обвинуваме. Не треба да се демонстрира на улиците. Треба да се фокусираме што ќе правиме отсега натаму, бидејќи минатото не можеме да го смениме“.
Кошаркарска ѕвезда на НБА, Леброн Џејмс, во текот на претседателската кампања ѝ даваше поддршка на Хилари Клинтон. По изборот на Трамп за претседател, тој беше еден од познатите кои упатија апел за продолжување на борбата.
НБА ѕвездата, критикувајќи ги изајвите на Трамп во врска со Афроамериканците, малцинствата, муслиманите, жените и доселениците, рече: „Не губете ја вербата. Жени и малцинства, ова не е крај, туку голема пречка што само сите заедно можеме да ја надминеме“.
Де Ниро го одложи удирањето тупаница на Трамп
Познатиот актер Роберт Де Ниро, во ток-шоуто на Џими Кимел на телевизискиот канал „Еј-би-си“, на прашањето дали сѐ уште сака да му удри тупаница на Трамп, рече: „Бидејќи е претседател, не можам да му удрам тупаница, приморан сум да ја почитувам позицијата. Ќе чекаме да видиме што ќе направи. На многумина им е жал и на повеќе места има протести“.
Познатиот писател Стивен Кинг, по објавувањето на резултатите од изборите, на својот профил на Твитер го напиша следното: „Повеќе нема да давам предлози за политика, книги или фотографии од забавни кучиња. Го затворам дуќанот“.
Некои познати се повлекоа
Поп-пејачката Мајли Сајрус, која пред изборите имаше изјавено: „Доколу Трамп биде избран, ќе ја напуштам земјата“, по изборите рече: „Ако сакаме Трамп да не прифати, тогаш мораме да го почитуваме неговиот збор дека за време на неговото претседавање, ќе ја обедини земјата и Америка повторно ќе ја направи голема“.
Познатата актерка од серијалот за Хари Потер и амбасадорка на добра волја на ОН, Ема Вотсон, која ѝ ја даде својата поддршка на Хилари Клинтон во кампањата за новиот 45. претседател на САД, бидејќи е претставник на жените, по објавувањето на резултатите изјави: „По ова ќе дадам сѐ, во борбата за вредностите во кои верувам“.
Рап-пејачката Азелеја Бенкс беше една од малкутемина познати кои отворено го поддржуваа Трамп. По победата на Трамп, на својот профил на социјалната мрежа ја сподели следната изјава: „Многу ми олесна. Поради поддршката на Трамп морав да се борам со неколку бесмислици. Ги победивме либералните медиуми“.