Ayşe Sümeyra Aydoğdu
11 Ноември 2016•Ажурирај: 12 Ноември 2016
ЕРУСАЛИМ (АА) - Според информациите на весникот „Израел денес“, којшто е познат по блискоста со премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, кандидатот на републиканската партија кој ги доби изборите во САД, Доналд Трамп, дал поддршка мировните преговори меѓу Палестина и Израел да продолжат без меѓународно посредништво, јавува Anadolu Agency (AA).
„Мирот треба да се постигне преку директни преговори меѓу страните, без наметнување од другите. Израел и еврејскиот народ ќе го реализираат ова“, изјави Трамп.
Трамп истакна дека со цел да им се помогне на страните и со цел да се изнајде праведно и постојано решение, неговата влада ќе одигра важна улога.
„Јас го сакам и го почитувам Израел и неговиот народ. Израел и САД имаат многу заеднички вредности, како што се слободата на говорот, верските слободи и давањето можност на сите граѓани да ги реализират своите соништа“.
Истакнувајќи дека сака да ги развијат односите меѓу двете земји, Трамп рече: „Знам добро дека Израел е единствената демократска држава на Средниот Исток што ги штити човековите права. Израел за голем број луѓе претставува светлина на надежта“.