Ivana Ramadanova
02 Јуни 2016•Ажурирано: 02 Јуни 2016
СКОПЈЕ (АА) - Полициска патрола вчера во населбата Доброшане, Кумановско во напуштено комбе пронашла 39 мигранти, од кои 21 биле малолетници, јавува Anadolu Agency (AA).
Мигрантите, како што информираат од МВР, биле пронајдени во напуштено товарно моторно возило марка „Форд Транзит“.
По наредба на Јавното обвинителство, трите полнолетни лица мигранти ќе бидат сместени во Прифатниот центар за странци (ПЦС-Скопје) до расветлување на настанот.
Останатите 36 мигранти ќе бидат вратени во Транзитниот центар во Гевгелија, а потоа ќе бидат вратени за Грција.