Ivana Ramadanova
11 Јуни 2016•Ажурирано: 12 Јуни 2016
СКОПЈЕ (АА) - Полицијата вчера откри 16 мигранти при рутинска контрола во близина на село Удово кај тунелите на Демир Капија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Oд Министерство за внатрешни работи информираат дека полицајците се обиделе да сопрат патничко возило „рено лагуна“, управувано од Б.А. (35) од Скопје, но истиот не застанал, само ја зголемил брзината и го продолжил движењето кон Демир Капија.
По ова, во близина на местото викано „Арсови лаки“ возачот го сопрел возилото и се дал во бегство по што бил приведен.
Од извршен преглед на возилото пронајдени 16 се мигранти од кои 11 од Авганистан меѓу кои пет малолетни, четири од Пакистан и еден од Иран.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. Од страна на судија за предходна постапка на А.Б. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
Исто така, на патот Гевгелија кон Скопје вчера во 02:20 часот од страна на полициски службеници откриени се тројца мигранти од Авганистан во возило со скопски таблички.
Возачот Д.Ф. (26) од Скопје не застанал на барање на полицијата по што по изгубил контрола и удрил во оградата на патот. Во возилото покрај Д.Ф. имало и три лица од Авганистан.
Возачот и лицата се приведени во полициската станица во Неготино. По поднесена кривична пријава до ОЈО од судија на предходна постапка на пријавеното лице изречени му се мерки за претпазливост „забрана за напуштање на РМ“, одземена му е патната исправа и истиот е обврзан на јавување секоја среда во Основниот суд Скопје 1.