Emrah Oktay
24 Април 2016•Ажурирај: 25 Април 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Заврши првата фаза "Истанбул-Истанбул" од 52-та Претседателска Велосипедска Тура во Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).
Првиот ден од организајата која во календарот на Меѓународната велосипедска унија (UCI) се наоѓа во втората HC категорија и се состот од осум фази, денес со симболичен старт започна пред ферибод станицата Бешикташ во Истанбул.
Во фазата "Истанбул-Истанбул" од маратонот во кој учествуваа 123 спортисти учесниците ја возеа патеката во должина од 129,2 километри, поминувајќи го мостот на Босфорот возеа кон населбата Бејкоз. Потоа, велосипедистите повторно се вратија во европскиот дел на градот и оваа фаза од маратонот заврши на плоштадот Султанахмет.
Победникот на маратонот беше полскиот спортист Премислав Нијемец, кој маратонот го заврши со време од 3 часа 10 минути и 19 секунди, додека по него следеше Португалецот Хозе Гончалвез кој ја извози патеката за време од 3 часа 10 минути и 30 секунди. На трето место од маратонот заврши Италјанецот Марко Заноти со 3 часа 10 минути и 35 секунди.
Победниците на маратонот, истовремено и добитниците на правото да облечат костим за капење, наградите ги земаа од Претседателот на Светската велосипедска федерација, Брајн Куксон, Генералниот директор за спорт Мехмет Бајкан и претседателот на велосипедската федерација на Турција, Емин Муфтуоглу.
- Четворица спортисти се пренесени во болница -
Во инцидентот кој се случи на деветтиот километар од 129,2 километарскиот маратон, четворица спортисти се пренесени во болница.
Се дознава дека спортистите не се во животна опасност, освен Барберо Куесто, кај кого се регистрирани скршеници во клучната коска.
Освен овој во текот на оваа фаза од маратонот се случија и неколку помали инциденти.