Gamze Türkoğlu Oğuz
11 Јули 2018•Ажурирај: 12 Јули 2018
АНКАРА (АА) - Бројот на загинатите во поплавите и свлечиштата што се случија во Јапонија се зголеми на 176 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Властите соопштија дека 176 лица загинале во поплавите и свлечиштата предизвикани од поројните дождови кои од минатата недела го зафатија западниот дел на земјата, додека десетици лица се водат како исчезнати.
Премиерот на Јапонија, Шинзо Абе, го посети Центарот за евакуација во градот Курашхики, каде што се случи катастрофата.
Абе нагласи дека неговата Влада ќе направи сè за враќање на секојдневниот живот во нормала.
Донесена е наредба за евакуација на 5,9 милиони лица во 19 префектури во земјата.
Најголеми загуби се случија во поплавите и свлечиштата кои настанаа во Хирошима, Ехиме, Окајама, Јамагучи, Кјото, Гифу, Шига, Хјого, Кочи и Фукуока.
Абе претходно ги откажа неговите патувања во Европа и Блискиот Исток поради поплавите.