Mustafa Melih Ahıshalı
25 Април 2016•Ажурирај: 26 Април 2016
ТЕХЕРАН (АА) - Министерот за надворешни работи на Македонија, Поповски, кој престојува во работна посета во Иран, во зградата на Министерството за надворешни работи на Иран во Техеран,одржа заедничка прес конференција со неговиот ирански колега, Џеват Зариф, јавува Anadolu Agency (AA).
Одговарајќи на прашањето во врска со бегалската криза, Попоски рече дека се работи за проблем кој е битен за Европа.
"За Европа, бегалската криза е битен проблем. Македонија со својата географска поставеност се наоѓа на коридотот на движење на бегалците. Сите земји од ЕУ е потребно да го споделат проблемот кој се создаде поради бегалците кои ги напуштааат своите домови во Сирија, Иран и слични на нив кризни региони" , изјави министерот Попоски.
Министерот за надворешни работи на Иран, Џеват Зариф, ќе формира комисија која ќе ги испитува претходните ирански влади и нивните инвестирањата на ирански капитал во САД, и покрај забраната од такви инвестирања. Зариф истакна дека е против одлуката на Врховниот суд на САД зa конфискување на блокираните 2 милијарди долари, под образложение дека ќе послужат како надомест на жртвите на терористичките напади.
Зариф истакна дека ќе формира посебна комисија која ќе ги истражува инвестициите на претходните ирански влади во САД и покрај предупредувањата тоа да не се прави.
"Прифаќаме САД да го штити иранскиот капитал. Ние сме против конфискување на овој капитал. Иранската влада ќе формира посебна комисија која ќе ги истражи начинот на кој овој капитал е вложен во САД и покрај сите предупредувања дека е можно конфискување од нивна страна", изјави Зариф.