Mutlu Demirtaştan
26 Декември 2016•Ажурирај: 27 Декември 2016
САРАЕВО (АА) - Видеоснимката на играчот на фудбалскиот клуб Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, во која изразува поддршка за децата од Сирија, на социјалните мрежи е прегледана повеќе од 15 милиони пати, и има над два милиона лајкови, јавува Anadolu Agency (AA).
„Здраво. Ова е за децата од Сирија. Знаеме дека страдате многу. Јас сум познат фудбалер, но вие сте вистински херои. Немојте да губите надеж. Светот е со вас. Се грижиме за вас. Јас сум со вас“, порача Роналдо преку видеоснимка.
На социјалната мрежа Фејсбук, видеоснимата е прегледана 10,5 милиони пати, има повеќе од 882.000 лајкови, споделена е речиси 160.000 пати, а има повеќе од 30.000 коментари.
Корисниците на социјалната мрежа Инстраграм пораката ја прегледаа 4,1 милиони пати, има околу 1,4 милиони лајкови и повеќе од 50.000 коментари.
Исто така, на социјалната мрежа Твитер видеоснимката има повеќе од 61.000 лајкови, а споделена е речиси 50.000 пати.
Фудбалерот претходно најави помош за семејствата во Сирија.