Şenhan Bolelli
30 Октомври 2017•Ажурирај: 31 Октомври 2017
МАДРИД (АА) - Официјални претставници на шпанската Влада соопштија дека поранешниот претседател на автономната покраина Каталонија, Карлес Пучдемон, и некои поранешни раководители заминале за Брисел, главниот град на Белгија, јавува Anadolu Agency (AA).
Шпанските владини претставници за меѓународните новински агенции изјавија дека поранешниот претседател на каталонското автономно раководство и некои поранешни раководители заминале за Брисел, главниот град на Белгија.
Во вестите објавени од страна на шпанската официјалната новинска агенција „EFE“ (ЕФЕ) и некои каталонски весници, не се знае кои се причините за патувањето на Пучдемон и поранешните раководители од автономната покраина Каталонија, кои од страна на шпанското обвинителство се товарат за „непослушност против државата, бунт и злоупотреба на јавната сопственост“.
Каталонскиот Парламент на 27 октомври еднострано прогласи независност, по што утрово, шпанскиот обвинител Жозе Мануел Маза објави дека се поднесени обвиненија против поранешниот претседател на Каталонија, Пучдемон, и против останатите членови на каталонската влада, пред Националниот суд, за „непослушност против државата, бунт и злоупотреба на јавната сопственост“.
Белгискиот министер за бегалци и миграции, Тео Франкен, вчера сподели твит во којшто напиша дека Пучдемон би можел во Белгија „да поднесе барање за политички азил“. По дикусиите што настанаа по овој твит на министерот Франкен, одговор даде премиерот на Белгија, Шарл Мишел, кој во врска со можноста Пучдемон да побара политички азил во Белгија, одговори: „Тоа дефинитивно не е на дневен ред“.