Ekipa
10 Јануари 2017•Ажурирај: 10 Јануари 2017
БЕРЛИН (AA) - Поранешниот претседател на Германија, Роман Херцог, кој функцијата ја извршуваше во периодот од 1994 до 1999 година, почина на 82-годишна возраст, јавува Anadolu Agency (AA).
Актуелниот германски претседател Јоаким Гаук денес му оддаде почест на Херцог, кој го опиша како оргинална личност.
Тој е еден од првите лидери кој се занимавал со германскиот отпор кон реформите и со растечката економска стагнација на крајот на 16-годишниот мандат на канцеларот Хелмут Кол. Тоа е период кога Германија се бореше со голема невработеност.
Од 1987 до 1994 беше претседател на Врховниот суд на Германија, а од 1994 до 1999 седми германски претседател. Исто така, ја извршуваше функцијата министер за култура од 1978 до 1980, како и министер за внатрешни работи во покраината Баден-Вуртемберг од 1980 до 1983 година.