Umur Koçak Semiz
10 Јануари 2017•Ажурирај: 10 Јануари 2017
БОГОТА (АА) – При пад на висечки мост во централниот дел на Колумбија загинаа 11 лица, а повредени се 14, јавува Anadolu Agency (AA).
Претставниците на локалните власти истакнаа дека несреќата се случила во близина на градот Вилјависенсио, кога премногу луѓе се обиделе да го преминат висечкиот мост.
Единаесет лица, меѓу кои и две деца паднаа во клисура од височина од 80 метри.
Состојбата на повредените е сериозна.