İlkay Güder
08 Ноември 2017•Ажурирај: 09 Ноември 2017
АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, во претседателската палата во Анкара го пречека Елон Маск, основачот на компанијата „Space X“ (Спејс икс), јавува Anadolu Agency (AA).
Состанокот во претседателската палата се одржа зад затворени врати и траеше повеќе од еден час.
Во претседателската палата беа и министерот за наука, индустрија и технологија на Турција, Фарук Озлу, и министерот за поморство и комуникации, Ахмет Арслан.