Dzihat Aliju
06 Август 2016•Ажурирај: 06 Август 2016
РАДОВИШ (AA) – Во Радовиш се одржа протест против обидот за државен удар од страна на терористичката организација ФЕТО и му беше дадена поддршка на претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, јавува Anadolu Agency (AA).
Сојузот на турски невладини организации во Македонија (МАТУСИТЕБ) во центарот на Радовиш организираше протестен митинг на кој учество земаа претставници од Амбасадата на Турција во Скопје, претставници од турските институции во Македонија и голем број на граѓани.
Претседателот на МАТУСИТЕБ, Тахсин Ибрахим, во своето обраќање на митингот, пред жителите на Радовиш и граѓаните од регионот, истакна дека се собрале на овој митинг за да ѝ дадат поддршка на Турција која ја чуствуваат и како своја татковина и на претседателот Реџеп Таип Ердоган.
Претседателот на МАТУСИТЕБ рече дека го осудува неморалниот и нелегален обид за државен удар од страна на група „предавници“ инфилтрирани во редовите на турските вооружени сили, кои во историјата на Турција 15 јули го запишаа како црн ден, се обидоа да ја урнат волјата на народот и демократски избраната власт, и додаде: „Против оние кои се обидоа да ја поткопаат стабилноста на нашата татковина, нашиот народ им даде одговор како едно срце, една држава, како неразделив народ“.
Ибрахим потсети дека турскиот народ тенковите ги запре со своите тела и покажа дека силата на тенковите не ја победија силата на народот.
„Овие предавници кои веќе 40 години, на еден подмолен начин се обидуваат да ја распарчаат нашата татковина која е последната тврдина на муслиманите, се наоѓаат и во Македонија. За нас, како Турци кои живеат во Македонија, грев е на овие простори да им бидеме домаќини на претставниците на терористичката организација ФЕТО. Нашиот народ како и секогаш е покрај турската држава, турскиот народ и претседателот на Турција, Ердоган“.
По својот говор, претседателот на МАТУСИТЕБ, Ибрахим, пред насобраниот народ ја прочита пораката на Амбасадорот на Турција, Омур Шолендил.
На крајот од протесниот митинг кој беше организиран под слоганот „Поддршка за националната волја, не за дрвниот удар“, со маршевите кои беа свирени, луѓето од сите возрасти со развиорени турски знамиња доживеаа весели моменти.