Ivana Ramadanova
07 Август 2016•Ажурирај: 07 Август 2016
БАЊА ЛУКА (AA) - Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, испрати телеграма со сочувство до македонскиот претседател, Ѓорге Иванов, по повод синоќешното невреме што ја зафати Македонија, јавува Anadolu Agency (AA).
"Длабоко не потресе веста за смртта на голем број граѓани на Скопје во синоќешното невреме што ја зафати Македонија. Во име на граѓаните на Република Српска и во мое лично име, на нивните семејства и пријатели, како и Вам лично, ви изразувам длабоко сочувство", се вели во писмото од претседателот на Република Српска.
Додик ја искористи можноста на Иванов и на сите граѓани на Македонија да изрази сочувство и солидарност со желби што е можно поскоро надминување на катастрофалните последици од оваа природна катастрофа.