Elena Teslova
24 Октомври 2018•Ажурирај: 24 Октомври 2018
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин ќе се сретне со својот американски колега Доналд Трамп на 11 ноември во Париз, соопштија од руското Претседателство, пренесува Anadolu Agency (AA).
Јури Ушаков, помошникот во рускoто претседателство, истакна дека тоа било договорено за време на посетата на Москва на советникот за национална безбедност на САД, Џон Болтон.
Ушаков на прес-конференцијата во Москва, по состанокот на Путин со Болтон, истакна дека двајцата претседатели ќе учествуваат на настаните посветени на стогодишнината од завршувањето на Првата светска војна.
Портпаролот нагласи дека претседателскиот самит ќе се одржи по одбележувањето, и нема да биде временски ограничен, што значи неговото времетраење ќе зависи од двајцата лидери.
Делегациите од двете страни нема да бидат многу бројни, но Ушаков истакна дека се очекува сите клучни претставници да бидат дел од разговорите.
За време на дводневната посета на Москва, Џон Болтон одржа средба со Путин, со рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, со челникот на Советот за безбедност, Николај Патрушев, и со министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров.