Mümin Altaş
12 Јануари 2017•Ажурирај: 12 Јануари 2017
АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган телефонски разговараше со претседателот на Русија, Владимир Путин, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од претседателски извори, во телефонскиот разговор меѓу двајцата претседатели станало збор за билатералните односи меѓу двете земји и за ситуацијата во Сирија.
Двајцата лидери размениле мислења околу спроведувањето на прекинот на огнот на целата територија на Сирија и за изнаоѓањето политичко решение во рамките на преговорите во Астана.
Во разговорот било истакнато дека и двајцата претседатели се одлучни во нормализација на односите меѓу двете земји, и дека во таа насока е и Самитот Русија-Турција, кој е планирано да се одржи во март оваа година, во Русија.