Sertaç Bulur
12 Јануари 2017•Ажурирај: 13 Јануари 2017
АНКАРА (АА) - Во согласност со одлуката на Советот на министри на Турција, странците што ќе инвестираат најмалку два милиони долари фиксен капитал или што ќе купат недвижен имот во износ од еден милион долари, кој нема да се продаде во наредните три години, ќе имаат можност да станат турски државјани, јавува Anadolu Agency (AA).
Промените за спроведување на Законот за турско државјанство беа објавени во денешниот број на „Службен весник“ на Турција.
Странците за кои Министерството за економија на Турција ќе утврди дека вложиле капитал во вредност од два милиони американски долари, односно оние за кои Министерството за животна средина и просторно планирање ќе утврди дека купиле недвижен имот во вредност од еден милион долари, под услов да не го продадат во наредните три години, ќе имаат можност да станат турски државјани.
Државјанство ќе можат да добијат и оние што ќе вработат најмалку 100 луѓе, како и оние што во банките што работат во Турција ќе инвестираат најмалку три милиони американски долари.