10 Октомври 2016•Ажурирај: 10 Октомври 2016
ШАНЛИУРФА (АА) – Рауф Малташ –
Сириските бегалци реагираа на руското вето на предлог-законот за Алепо во Советот за безбедност при ОН, и изразија потреба од промена на структурата на овој Совет, затоа што не ги исполнува своите функции, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на Здружението на сириските Туркмени, Екрем Деде, во изјава за АА рече дека се разочарани од руското вето на предлог-законот за Алепо.
%2Fthumbs_b_c_347f6af0554f5d49c7adef500623c0b5.jpg)
Потсетувајќи дека Русија веќе по петти пат става вето на предлогот, Деде рече оти Русија ова го прави за да го заштити режимот.
„Застанувајќи зад режимот во Сирија, Русија му пркоси на светот. Организацијата на Обединетите нации е 70-годишна институција, и веќе не ги задоволува потребите на државите во светот.
„Ѝ треба промена на структурата. Во последните години, Сирија е жив пример дека ОН не си ги исполнува функциите. И покрај тоа што во подзаконските акти на ОН стои актот ’Заштита на мирот во државите’, со години се занемарува војната во Сирија. Русија не се придржува кон подзаконските акти на ОН. Ние, како државјани на Сирија, знаеме дека немаме корист од ОН. Нашата надеж е во поддршката од Турција, во доаѓањето до некакво решение“, изјави Деде.
„Каде е светот, а каде ОН“
Али Алтуш, кој моментално живее во бегалскиот камп во гратчето Акчакале, рече дека на состанокот на Советот, ОН повторно се соочи со руското вето.
Тој потенцираше дека поради руското вето, се занемаруваат судирите во Алепо, во кои првенствено силите на режимот со воени авиони продолжуваат да го бомбардираат цивилното население.
Алтуш нагласи дека државите во светот и понатаму се само публика на случувањата во Сирија.
„Каде е светот, а каде ОН. ОН не успеаја дури ни да ги прекинат руските напади врз жените и децата. Сите светски држави треба да побараат одговорност од Русија за масакрот што го прави. Русија ја уништи цела Сирија и целото сириско население. Не остана човек. Каде е светов? Само го гледа овој масакр отстрана. Ова е голем зулум што му се прави на сирискиот народ. Сирискиот народ е угнетен“, рече тој.
„Зошто велиме Обединети нации, кога ништо не можат да направат“
Бегалецот Ахмед Серди, пак, потсети дека оваа војна, која не знае за крај, трае веќе шеста година.
„Народот во Алепо го сочинуваат муслимани и сунити. Упатувам апел до целиот свет, ако постои само една Русија, каде се другите држави и ОН? Ние ја мразиме Русија и тие што се на нејзина страна. Омразата ни е во срцата и ја искажуваме во секоја пригода“, изјавува Серди.
Сириецот Велид Бекдаш, разочаран од пасивниот став на државите во светот кон бомбардирањата во Алепо, рече: „Дури и ОН во ваков случај ништо не можат да направат. Зошто тогаш велиме Обединети Нации? Според нас, ОН нема ниту глава, ниту тело. Русија врши масакр врз сирискиот народ, а ОН само го гледа сето тоа“.