Gökhan Ergöçün
31 Мај 2018•Ажурирај: 01 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Од турското Министерство за култура и туризам се истакнува дека речиси 7,8 милиони странски посетители ја посетиле Турција во првите четири месеци од 2018 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството соопшти дека бројката се зголемила за 32,55 отсто на годишна основа, од 5,87 милиони во периодот јануари-април минатата година.
Најголемиот град во Турција по популација и еден од нејзините врвни туристички дестинации, Истанбул, има најголем број посетители, чиј број во првите четири месеци од оваа година изнесува 3,9 милиони.
По Истанбул следува Анталија со 1,06 милиони странски посетители.
Најголем дел од посетителите на Турција коишто претстојувале во текот на истиот период се од Иран, и нивниот број изнесува 860.000 односно 11,02 отсто, потоа следува Германија со 8,63 отсто и Грузија 8,37 отсто.
Официјалните податоци покажуваат дека најпрефериран бил воздушниот транспорт со 8,23 милиони патници, 3,5 милиони пристигнале користејќи го копнениот транспорт и околу 235.000 посетители дошле по морски пат.
Во април земјата ја посетија 2,65 милиони странски посетители, што претставува пораст за 28,27 отсто од април 2017 година.
Во 2016 година, во екот на забавувањето на туризмот по неуспешниот државен удар извршен од терористичката организација ФЕТО, околу 35 милиони странски посетители ја посетија земјата, но секторот доживеа подобрување во 2017 година.
Според официјалните претставници на приватниот сектор, Турција оваа година очекува 40 милиони туристи од странство.
Турскиот министер за култура и туризам, Нуман Куртулмуш, ги постави целите на земјата за 2023 година со 50 милиони туристи и приход од 50 милијарди долари.